Home INFO Комшиите бесни: Дарко Лазиќ глумел мафијаш и шериф

Комшиите бесни: Дарко Лазиќ глумел мафијаш и шериф

реклама:Велигден со Стаф

Додека пејачот Дарко Лазиќ и понатаму се бори за својот живот во Земун, новинарска екипа од српскиот ВИП Магазин го посетила неговото родно село Брестач и ја искористиле приликата да дознаат што мислат мештаните за нивниот популарен комшија.

Новинарите непријатно се изненадиле, бидејќи поголемиот дел од луѓето во Брестач немале позитивно мислење за Лазиќ.

“Дарко се промени откако победи во шоуто на Гранд. Пред тоа беше само едно момче кое убаво пее и со татко си настапуваше по биртии и кафеани. Беа скромно и сиромашно семејство се до 2009 та, кога Дарко победи на тој натпревар. Тогаш целото семејство се промени” – раскажал за ВИП Магазин жител на Брестач.

Во центарот на селото, новинарите интервјуирале две госпоѓи.

“Се молиме за него. Тој е толку млад а жалосно е и за детето кое го има. Овде на село сешто се зборува. Велат дека се ова му се случува поради бившата сопруга. Поради неа западнал во долгови. Се зборува дека таа сакала да живее на висока нога а го изневерувала и со други пејачи. Се зборува и дека бил дрогиран кога излетал со автомобилот, гледате како парите влијаат на човекот? Не знаеме ние ништо, но тоа се зборува овде” – раскажале за ВИП Магазин двете бабички кои сакале да останат анонимни.

Во потрага по некој кој ќе каже убав збор за ѕвездата од Гранд, тимот на ВИП магазин наишол на соговорник кој бил најбрутален во својата изјава.

“Што фино да ви кажам за него? Тој глуми шериф овде, се однесува како вистински мафијаш. Вози мотор на едно тркало со 200 на час, лета со автомобилот и редовно покосува кокошки. Никој ништо не му може. Вози без дозвола, има врски насекаде. Сите му се плашат. Татко му е ист како него. Во фирмата каде работеше, крадеше бензин. Сите го знаеме по тоа. Такво е цело семејство, никој не ги сака и не се дружи со нив” – изјавил соговорникот за ВИП Магазин.

На прашањето на новинарот како не му е срам што вака лошо зборува за пејачот додека тој се бори за живот, соговорникот одговорил.

“Мене да ми е срам? Треба ли да жалам човек кој возел овде пијан и дрогиран? Што ако некој загинеше по негова вина? Што ако прегазеше некое дете? Што ќе беше ако некој невин страдаше поради неговото однесување? Што се однесува до мене, не ме интересира дали ќе преживее ниту пак како ќе живее во иднина, но знам дека ако се извлече, вака веќе нема да може да се однесува овде”- одговорил за ВИП бесниот комшија.

Сепак за Дарко Лазиќ имало и позитивни коментари од неговите соселани, но во многу мал број.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------