Home INFO Конечно проговори мајката на Меган Маркл: Поради тортурата имаше самоубиствени мисли

Конечно проговори мајката на Меган Маркл: Поради тортурата имаше самоубиствени мисли

реклама:

Документарецот на Нетфликс со наслов “Harry&Meghan” ја разбранува јавноста.

Иако многумина негативно го коментираа излагањето на брачната двојка, сепак за краток период, документарниот серијал руши рекорди на гледаност.

Во серијата, за првпат се огласи и Дорија Регланд, мајката на Меган која во моментов живее во Калифорнија, во близина на својата ќерка.

Низ солзи Дорија раскажува како се чувствувала беспомошно додека Меган живеела во Британија. Според нејзината изјава, Меган постојано трпела психичка тортура поради која во даден момент имала и самоубиствени мисли.

Принцот Хари пак наглсил дека неговиот татко и брат делеле иста судбина, оносно стапиле во брак без љубов, одбирајки сопруги кои совршено одговараат на калапот на кралското семејство.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------