Home INFO Корисни совети за подолг живот од доктор кој живеел 105 години!

Корисни совети за подолг живот од доктор кој живеел 105 години!

реклама:Велигден со Стаф

Докторот од Јапонија Шигејаки Хинохара, кој почина пред четири години на 105- годишна старост, даваше совети како да доживеете длабока старост и како да уживате во секоја година од својот живот.

Тој беше роден во 1911 година. Автор е на 150 книги, вклучувајќи го и бестселерот „Living Long, Living Good“ (Да се живее долго, да се живее добро)

Ова се највредните совети на д-р Хинохара кои ќе ви помогнат да живеете долг, среќен и здрав живот.

1. Одете по скали и носете ги своите работи
Доктор Хинохара се до неговата смрт прескокнуваше по две скали одеднаш додека се качуваше.

2. Не верувајте на се што докторот ќе ви каже или препорачаИстражувајте, читајте и образовајте се. Не морате да верувате на се што докторот ќе ви каже.

3. Поделете со други се што знаете
Доктор Хинохара годишно одржувал околу 150. предавања во школи, деловни заедници… Предавањата често биле за војна и мир. Вреди да се спомене и тоа дека за време на предавањето кое трае 90. минути тој цело време стоел на своите нозе.

4. Не морате да се пензионирате
Ако го сакате тоа што го работите не морате да одите во пензија.

5.Планирајте однапред
Ако сакате да уживате во животот морате да имате распоред полн со различни договори, предавања, деловни ангажмани и слично.

Доктор Хинохара планираше да присуствува на Олимписките игри во Токио во 2020. година.

6. Немојте да бидете дебели
Доктор Хинохара земаше 1 лажица маслиново масло, сок од портокал и кафе за појадок, колачиња и млеко за ручек и ориз, риба и зеленук за вечера. Двапати неделно јадел по 100 г. месо.

7. Енергијата не доаѓа од многу часови сон или добра исхрана, туку од добрите чувства.
Ќе бидете посреќни и со повеќе енергија ако престанете да се обѕирате на временските ограничувања. Бидете како децата – забавувајте се се’ додека не почувствувате поспиеност или глад.

8. Прекрасно е да се живее долго
Тој одеше на дежурства, волонтираше, работеше по 18. часа дневно, седум дена неделно и живаше во секој момент на својот живот.

9. Пронајдете го својот идол
Доктор Хинохара често се прашуваше што би направил неговиот татко во одредена ситуација.

10. Немојте премногу да се грижите, животот е непредвидлив
Докторот бил киднапиран од страна на комунистичката Црвена армија кога имал 59. години. Четири дена минал на температура од 40. степени, врзан за седиште. Бил фасциниран од фактот како неговото тело го успорило ритамот за да се прилагоди на помалку храна и се останато.

11. Науката сама не може да им помогне на луѓето
Докторот веруваше дека секоја болест може да се излекува и веруваше во единственоста на секое лице.

12. Не бидете луди по пари
Докторот и тоа како бил свесен дека ништо не може да понесе со себе кога ќе умре.

13. Болката е мистерија
Ако сакате да заборавите на болката морате да правите нешто забавно. Докторот говореше дека музиката и животните можат да помогнат да се ослободите од болката.

14. Бидете инспирирани
Морате да пронајдете инспирација во светот, нешто што ќе ве мотивира. Него го мотивира песната „Abt Volger“ од Роберт Брунинг.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------