Home INFO По апсењето на Раста, српската естрада е во паника! Стравуваат да не...

По апсењето на Раста, српската естрада е во паника! Стравуваат да не ги има на “список”

реклама:Велигден со Стаф

Актуелна тема во медиумите од регионот е апсењето на популарниот српски рапер Стефан Раста, поради поседување на поголема количина марихуана.

Многумина од неговите колеги од естрадата одбиваат да го коментираат неговото апсење, додека оние кои биле во близок контакт со Стефан стравуваат дека полицијата ќе ги контактира во врска со овој случај.

Како што пренесуваат српските медиуми, Раста бил близок со многу луѓе од естрадата. Заедно конзумирале наркотици, па сега стравуваат дека ќе ги задеси истата ситуација како раперот.

Наводно, Раста имал голма листа на пријатели и соработници со кои се дружел во неговото студио. Овде раперот слободно конзумирал марихуана која ја споделувал со сите кои ќе побарале.

Стравот е оправдан, со оглед на тоа дека полицијата со сигурност ќе ги истражи и контактите на Раста.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------