Ковид 19 не ги поштеди ниту познатите.
Уште една во низата на популарни личности позитивни на Ковид е познатата манекенка Алексина, модел на Виктрија Сикрет.
На својот Инстаграм профил, таа пред неколку дена сопштила дека е заразена со корона вирус.
Симптомите биле тешки и на крајот била хоспитализирана.
„Повраќав неколку пати на ден. Се појави и високата телесна температура, а телото постојано ми трепереше. Не можев да изговорам полна реченица, ниту пак нормално да дишам. Белите дробови не ми го дозволуваа тоа, а грлото ми беше затворено, градите стегнати. Не можев самостојно да влезам ниту пак да излезам од кадата. Ми беше потребна помош да станам од кревет. Не можев нормално да јадам затоа што сето тоа претставуваше болка за мене“ – додала таа и апелирала сите да останат во изолација и да не ги напуштаат своите домови.
„Ве молам, сфатете го ова сериозно. Ве молам, останете дома сами или пак со кој и да живеете. Ова е застрашувачко“