Состојки:
30 мл еспресо
1 лажичка шеќер
100 мл млеко
2-3 коцки кршен мраз
2 топки сладолед од ванила
Подготовка:
Кафето и шеќерот ставете ги во еден сад и мешајте ги додека шеќерот не се стопи убаво. Во садот додадете го и млекото и повторно убаво промешајте. Кршениот мраз и сладоледот сипете ги во една висока стаклена чаша и полијте ги со кафето. По вкус можете да додадете прелив од карамела.