Home INFO Лекарите во Шкотска препишуваат природа на рецепт

Лекарите во Шкотска препишуваат природа на рецепт

реклама:Велигден со Стаф

На 5 октомври лекарите во Шетланд, Шкотска, добиле овластување да препишуваат „природа“ за да ги ублажат симптомите на пациенти со заболувања како висок крвен притисок, депресија, анксиозност, дијабетес, стрес и срцеви заболувања, објави „Матадор нетворк“. Се смета дека ова е прва програма од ваков вид во Обединетото Кралство.

Програмата доаѓа со многу интересна брошура за совети што би можело да се прави секој месец при препишување „природа“ на рецепт, па така на пример за октомври се вели дека „можете да цените облак“, во ноември „можете да разговарате со пони“, во декември „да ги нахраните птиците во вашата градина“. Сето тоа по упатство на лекар.

Рецептите за природата нема да ја заменат конвенционалната медицина, туку едноставно ги дополнуваат нормалните третмани.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------