АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

По спектакуларниот финален меч, Аргентина се закити со титулата светски фудбалски првак.

Еуфорично беше на стадионот во Катар, а веселбата продолжи во соблекувалната на „гаучосите“, каде се славеше победата.

Голманот Мартинез побара „минута молк за Мбапе кој е – мртов“.

Најголемиот херој на Аргентина во вчерашната победа на пенали против Франција, голманот Емилијано Мартинез, набрзо по мечот се најде на столбот на срамот, откако направи безобразен гест по добивањето на „Златната ракавица“ за најдобар чувар на мрежата на СП 2022.

Тој признанието го стави на гениталиите и го насочи кон француските навивачи на стадионот. По стивнувањето на страстите, Мартинез го објасни потегот,без да се извини.

„Го направив тоа бидејќи Французите цело време ми свиреа. Честа за мене е на првото место“, изјави Мартинез.

РЕКЛАМИ: