Минатата недела пејачката Бритни Спирс повторно се омажи ,овој пат за своето ново момче Сем Асгари, фитнес тренер и модел, во нејзиниот дом во Лос Анџелес.
На свадбата присуствуваа голем број на нејзини колешки но и ѕвезди.
Една од нејзините драги пријателки е и Мадона која на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од веселбата.
„Бритни изгледаш толку среќно и заљубено. Тебе и на Сем, ви посакувам се најдобро! Минатата ноќ беше забавна и испотена“, изјавила Мадона.
Мадона објавила и заедничка фотографија на која Донатела Версаче, Парис Хилтон, Селена Гомез и Дру Баримор позираат со Бритни облечена во раскошна венчаница од Версаче.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------