Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Пукна тиквата! Аца Лукас го избриша дуетот со Јелена Карлеуша, пејачката со...

Пукна тиквата! Аца Лукас го избриша дуетот со Јелена Карлеуша, пејачката со тешки зборови го нападна на социјалните мрежи

реклама:Велигден со Стаф

Повторно скандалозна кавга и препукување на социјалните мрежи меѓу Јелена Карлеуша и Аца Лукас, која доведе до тешки зборови кои ги разменија на социјалните мрежи.

Нервозата отиде до таму што Лукас по негово барање го отстрани заедничкото видео од дуетот со Карлеуша од Јутјуб.

На барање на пејачот, песната која имаше 32 милиони прегледи е избришана од оваа интернет платформа

Фолк пејачот Аца Лукас и Јелена Карлеуша жестоко се судрија на социјалните мрежи, а причина за кавгата беа колешките Ана Николиќ и Милица Павловиќ.

Имено, Карлеуша застана во одбрана на Милица откако Николиќ ја објави демо снимката на нејзиниот хит „Проверено“, чија интерпретација Лукас ја пофали.

После тоа беа изговорени тешки зборови, а конфликтот отиде дотаму што нивниот дует „Банкина“ беше отстранет од „YouTube“ каналот на Карлеуша, по барање на Лукас.

Песната беше објавена пред четири години, имаше 32 милиони прегледи, а сега е избришана од оваа интернет платформа.

Кога ќе се напише споменатата песна, на „YouTube“ се појавува известување дека е избришана по барање на Аца Лукас.

Да потсетиме, јавната кавга меѓу Аце Лукас и Јелена Карлеуша започна кога пејачот на својот Инстаграм објави демо верзија на песната „Проверено“ во изведба на Ана Николиќ и напиша „браво“. Ова ја разбесни Јелена, која се огласи на социјалната мрежа и му одржа лекција на Лукас.

– Каков е бре ова начин? На што личи ова? Засрамете се! Апсолутна поддршка за Милица! Пеам скоро 30 години и вакви работи никогаш не се случиле – напишала ЈК на Инстаграм и продолжи:

– Некогаш познатиот „пејач“ сега не може ни да зборува од кокаин и оштетување на мозокот поради злоупотреба на разни супстанци! Камо ли да пее! Ама знае да пишува глупости и да се кара со жени! Па, јас сè уште пеам и пишувам многу, а мозокот ми работи малку подобро. Затоа, не се*ете наркомани, ве има многу и оставете ја на мир Милица Павловиќ и нејзината песна! Не ме лутете, затоа што не можете да ме заплашувате како неа, ниту да ме рекетирате. Како не ви е срам? Стари будали! Лесно е да се правиш јак на послаби, нели? – напиша Јелена на Инстаграм.

Секако, Лукас не одолеа да ѝ одговори, па нивниот конфликт преку мрежите замина на „малку повисоко ниво“.

– Изненаден сум од ваквите груби и пред сè фрустрирани напади на дотичната дама! Но, ја разбирам. Репрезентацијата имаше големи обврски во последните десет дена (дури четири важни натпревари), па очигледно не ѝ беа задоволени нејзините, инаку, огромни потреби! Нека не се грижи, квалификациите ќе продолжат дури наесен, а следува пауза во првенствата, па ќе има време за „дружење“! Дотогаш ќе ѝ простиме за ваквото лечење на фрустрации, бидејќи барем ова се очекува од неа! П.С. препорака: Репрезентацијата на БиХ деновиве е слободна, затоа испробај се кај нив- напиша Лукас.

Кавгата заврши со меѓусебни закани со разоткривање интимни работи, а со отстранувањето на ова видео секако е направена меѓусебна штета.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------