Home INFO Мадона обвинета за сексуално вознемирување

Мадона обвинета за сексуално вознемирување

реклама:

Поп кралицата е обвинета за сексуално вознемирување од страна на бившата манекенка Аманда која беше ѕвезда во нејзиниот најконтроверзен спот.

Сега 53-годишната Аманда во 1990 година се појави во спотот на Мадона за големиот хит “Justify My Love” каде страствено се бакнуваат.
Скоро три децении подоцна, за британски магазин Аманда открива како Мадона ја напаствувала цели две години по снимањето на спотот и сексуално ја вознемирувала.

Во тој период манекенката била мажена и бремена.

Мадона и праќала љубовни писма, а едно дури се нашло и на аукција и е продадено за 50 000 долари.

“Аманда како си? Зошто не ми се јавуваш? Знам дека си мажена и чекаш дете но не можам да ти објаснам колку многу ме привлекуваш!”- ова е само дел од содржините на писмата кои наводно поп кралицата и ги праќала на манекенката.

Во 90 тите бакнежот од спотот се сметаше за многу контроверзен, но ова не и пречело на Аманда. Таа како што вели само си ја извршила работата за која била платена. Но според нејзиното раскажување, по овој фамозен бакнеж Мадона буквално се опседнала со неа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------