Home INFO Мајката на Меган Маркл ја напушта Америка поради ќерка си!

Мајката на Меган Маркл ја напушта Америка поради ќерка си!

Фото: Instagram/printscreen
реклама:Велигден со Стаф

Мајката на бившата актерка а сега војотка од Сусекс, Меган Маркл наскоро ќе се пресели во Англија.
Како што тврдат извори блиски до Дорија Регланд, таа планира наредниот месец да се пресели во близина на својата ќерка.

Според медиумите во Англија, Дорија е импресионирана од кралското семејство, а особено од кралицата Елизабета Втора со која имала можност да се дружи за време и по венчавката на Меган и принцот Хари.

За разлика од таткото на Меган и нејзиното потесно семејство кои на секој начин се обидуваат да заработат од славата на Меган, Дорија ниту еднаш не проговорила за патот до титулата на нејзината ќерка.

Дорија Регланд по професија е социјален работник и со години работела во центар за ментално здравје во Калифорнија.
Но непосредно пред венчавката на ќерка си дала отказ.

Извори блиски до неа за медиумите открија дека се е подговтено за селидбата во Лондон.
Дорија со нетрпение очекува да живее во близина на Меган со која е многу блиска. Ја засакала Англија и верува дека овде би била многу посреќна.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------