Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Мараја Кери со оргинално видео на социјалните мрежи ги најави празниците и...

Мараја Кери со оргинално видео на социјалните мрежи ги најави празниците и собори рекорд на лајкови и прегледи (видео)

реклама:Лето во Банско

Дека и овие новогодишни и божиќни празници ќе бидат во знакот на хитот на Мараја Кери дефинитивно не се сомневаме но оваа година таа реши да ги најави празниците на оргинален начин со видео на социјалните мрежи кое предизвика големо внимание а собра и рекордно многу прегледи и лајкови.

@mariahcarey It’s…… TIME!!! 🎃🧊🎄 #MariahSZN ♬ original sound – Mariah Carey

„Време е“, напиша таа во описот на видеото, во кое од сцена за Ноќта на вештерките на 31 октомври преминува во божиќна атмосфера на 1 ноември. Околу неа има статисти облечени во џемпери со божиќни мотиви, а Мараја носи црвен комбинезон.

Секако, во позадина се слуша нејзиниот најголем божиќен хит „All I Want For Christmas Is You“. Видеото за осум часа собра 24 милиони прегледи и над пет милиони лајкови.

Инаку омилената божиќна песна „All I Want for Christmas is You“, во изведба на Мараја Кери беше објавена на 29 октомври 1994 година. Пред две години таа песна беше на врвот на Билборд листата на најпопуларни синглови Хот 100. Тогаш медиумите пишуваа дека тоа е неверојатно достигнување бидејќи песната е стара речиси 30 години.

Песната се смета за еден од најголемите празнични хитови, а албумот е најпродаваниот американски божиќен албум на сите времиња, продаден во повеќе од 15 милиони копии ширум светот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------