Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Мараја Кери во шок, додека таа одмарала провалници и го ограбиле домот

Мараја Кери во шок, додека таа одмарала провалници и го ограбиле домот

реклама:G Natural

Додека Мараја Кери одмарала на Италија, непознати провалници успеале да влезат незабележително во нејзината вила во Атланта и да и ограбат се што е вредно во нејзиниот дом.

Вилата вредна 5,65 милиони долари е купена во ноември 2021 година. Куќата со девет спални соби и 13 бањи има базен, тениски терен и игралиште.

Во меѓувреме, Кери го помина изминатиот месец во Италија со момчето Брајан Танака и своите близнаци Монро и Марокан.

Фотографиите од летувањето беа насекаде на интернет – и можеби тоа го привлече вниманието на крадците кои знаеја дека куќата ќе биде празна во тоа време.

Кражбата во полиција била пријавена на 27 јули, а иако не се знае какви предмети и вредности се изниесен од вилата, крадците сигурно се „опариле“.

Кери е позната по својот декадентен начин на живот. Во 2017 година, дивата го покажа својот плакар од „Трибека“ за „Вог“, покажувајќи купишта чевли „Лабутин“ и чанти „Биркин“, како и сувенири од Мерилин Монро.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------