Home INFO Мега популарниот Таско со уште еден хит за ова лето

Мега популарниот Таско со уште еден хит за ова лето

реклама:Велигден со Стаф

“Животов брз е возиме као на писта,

Спремни за напад ,all in играме игра,

А нема милост је, во овој живот брз GRAN TURISMO E”!

..пее музичарот кој изврши големо влијание и внесе свежина на македонската музичка сцена, миленикот и идол на младата генерација Хистијан Тасковски – Таско.

Текстот и музиката ги напиша самиот Таско, додека аранжманот миксот и мастерингот се на веќе докажаниот композитор Иван Јованов – Ивајо. Песната е во афротрап стил, доста популарен на светската сцена.

Спотот е сниман на Скај Сити, во автоперална и низ булеварите во населбата Аеродром. Во него земаа учество дечките од “Extreme Power City” со нивните спортски автомобили.

Видеото кое е комплетно дело на режисерот Гордан Божиновски – Godeye Production, мора да признаеме дека изгледа светски. Доказ за тоа е фактот што големите балкански ѕвезди како Стефан Раста, Јала Брат, Корона и тн..веќе го споделија видео спотот по социјалните медиуми, што исто така е доволен доказ дека освен армијата на фанови и колеги од кај нас, Таско ја ужива поддршката и од неговите колеги од балканот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------