АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот на групата пред последните два квалификациски меча за Светското првенство 2026.

Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од резултатот, особено од играта во одбрана, но предупреди дека има простор за подобрување во организацијата на играта во средниот ред.

„Мораме да бидеме реални – задоволен сум од дефанзивата, но не и од начинот на кој ја организиравме играта. Извлековме максимум од натпреварот, иако знам дека можеме многу повеќе. Секако, противникот имаше големо влијание со својот квалитет, имавме и т.н. ‘фактор икс’. Сега целосно се фокусираме на следниот меч со Казахстан. Се надевам дека повредата на Висар Муслиу не е сериозна – ќе имаме појасна слика по скенирањето во наредните 24 часа“, изјави Милевски на прес – конференцијата.

Македонија ќе го пречека Казахстан во понеделник, со цел да го задржи лидерското место и да го продолжи сонот за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри.

Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“.

Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со најдобар резултат во сезоната во таа дисциплина, на Светското првенство во Токио во септември.

Покрај тоа, таа освои сребро во микс штафетата 4×400 метри и бронза во женската штафета 4×400 метри.

РЕКЛАМИ: