Секој ден со почеток во 15ч, веднаш по вестите во 14 и 30, на фреквенцијата на ТВ Алфа се емитуваат малку поинакви вести, презентирани од најмладите новинари и презентери во Македонија.
„МИНИ ВЕСТИ“ се вести за деца кои го привлекуваат вниманието на најмладите со најразлични забавни, културни, спортски, музички и едукативни содржини адаптирани и наменети токму за нив, но подеднакво интересни и за возрасните.
По повод светскиот ден на оригамите, гостинка во Мини Вести беше Јуки од Јапонија, која ни покажа како се изработуваат оригами!
Доколку ја пропуштивте емисијата, истата може да ја погледнете во видеото подолу!
Сите досегашни емисии, погледнете ги ОВДЕ!