Home INFO Мистериозните туристички аранжмани станаа хит во светот

Мистериозните туристички аранжмани станаа хит во светот

реклама:Велигден со Стаф

Таканаречените “мистериозни аранжмани“ се најатрактивните туристички аранжмани во периодов.

На туристите очигледно им здодеале организираните туристички патувања каде однапред се е предвидено, па токму мистериозните патувања сега се хит во светот, а агенцијата која ги организира е најбрзата растечка гранка во туризмот.

Популарноста на оваа онлајн платформа е многу голема, а туристите воопшто не знаат каде ќе патуваат ниту пак каде ќе спијат ниту пак што ќе прават. Водечката агенција која ги организира овие мистериозни патувања е „Black tomato“ која практично го отворил овој вид туризам.

Ова патување го почнуваат со одењето на аеродром, но без куфер затоа што патникот не знае каде патува. Најчесто им ги одземаат и телефоните и само ги оставаат на неколку локации со ранец и потребна опрема. Туристот е “оставен сам на себе“ и мора да пронајде излез од џунглата, да преживее на пуст остров и слично.

Туристите цело време ги надгледува одреден тим, а изборот на локации се прави со помош на алгоритам, односно неговите интересирања на интернет и социјалните мрежи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------