Home INFO Проблемот повторно е актуелен: Како да одберете маска против загадениот воздух

Проблемот повторно е актуелен: Како да одберете маска против загадениот воздух

реклама:G Natural

За жал, нашата држава во периодов е меѓу првите на листата на најзагадените држави во светот.

Многу луѓе се одлучуваат да купат и да носат маска за да се заштитат од загадувањето.

Според експертите, маските се корисни ако имаат суб-микронски филтри кои ги задржуваат малите честички, а важно е и перфектно да лежат на лицето за да спречуваат влегување на воздух од страна.

Хенри Кол, основачот на компанијата што ги произведува Respro маските звели дека опасноста од загадениот воздух не се чувствува веднаш, туку доаѓа од кумулативниот ефект на сите тие честички, па предолгата изложеност на штетните честички може да доведе до сериозни респираторни проблеми.

Треба да се знае е дека обичните хируршки маски немаат никаква заштитна функција против загадувањето.

Тие не се доволно цврсто залепени за лицето, па воздухот влегува од сите страни, а нивната примарна функција е да го заштитат пациентот од евентуалните бактерии на хирургот.

Многу е важно и да се проверат и ознаките што ги има на самата маска.

Така на пример маските со ознака N95 заштитуваат од 95 проценти од честичките во воздухот, N99 заштитуваат од 99 проценти од честичките, додека N100 штитат од 99,97 проценти од честичките во воздухот.

Сите овие маски штитат од честички, но не ги елиминираат мирисите на издувните гасови.

Различните маски имаат и различни типови на филтри кои траат од неколку часа, па до неколку месеци активно користење. Во секој случај важно е да се инвестира во квалитетна заштита, дури и ако треба да се плати малку повеќе, а ако е потребно во старт набавете повеќе заменливи филтри.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------