Home INFO Молдавија најде начин како да се справува со пијаните возачи

Молдавија најде начин како да се справува со пијаните возачи

реклама:G Natural

Молдавија воведе нова мерка за сузбивање на возењето под дејство на алкохол.

Имено оние возачи кои полицијата ќе ги затекне зад волан во алкохолизирана состојба, ќе работат во мртовечница и во болниците.

Оние казнети кои нема да се придржуваат кон мерката ќе ја загубат возачката дозвола.

Програмата трае три месеци и се состои од 12 состаноци за време на кои лицето што направило сообраќаен прекршок помага во болничките установи при лекување пациенти повредени во сообраќајни несреќи, а предвидена е и работа во мртовечница.

Првиот дел од програмите почна неодамна во мртовечница во градот Кишињев, каде што учествуваа шест мажи осудени за возење под влијание на алкохол. Тие помагаа при испитување на лешевите и учествуваа во обдукциите допирајќи ги внатрешните органи.

„Ова искуство ме поттикна никогаш повеќе да не седнам пијан зад воланот, ова беше добра лекција. Мислам дека смрдеата од распаднатото човечко месо засекогаш ќе ја чувствувам“, изјави еден од учесниците во програмата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------