Home INFO Морничаво: „Squid Game“ почна да создава проблеми, луѓето ги ”играат” игрите во...

Морничаво: „Squid Game“ почна да создава проблеми, луѓето ги ”играат” игрите во реалноста

реклама:G Natural

Јужнокорејска серија „Squid Game“, на Нетфликс се здоби со огромна светска популарност.

Се емитува еден месец, а веќе донесе приход од 900 милиони евра за платформата Нетфликс и е број 1 во гледаност во 90 земји во последните 10 дена.

Раскажува приказна за чудна игра за преживување, чиј пораз се казнува со смрт, а победниците имаат шанса да освојат награда од 45,6 милијарди јужнокорејски вони.

Критичарите открија серија влијанија од други популарни наслови како што се Игри на глад и Игра на престоли.

Серијата изобилува со сцени на насилство и веќе предизвикува загриженост за неговото влијание врз публиката и особено врз психата на детето.

Оваа загриженост од ден на ден е се повеќе оправдана, особено што веќе се појави и тренд на организирање на игри слични на оние во серијата.

Грчките власти ги истражуваат информациите за организација на „игри на смртта“ слични како во јужнокорејска серија „Squid Game“, пренесува грчката телевизија „Скај“.

Имено,грчката полиција забележала група на Фејсбук која организира слични игри. Единствениот услов за учество е плаќање надомест од 25 евра.

За оваа сума, организаторите им ветуваат на кандидатите средба на тајно место на подрачјето на Атина, која ќе биде откриена преку врска што содржи информации за плаќањето на сумата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------