Home INFO Кортни Кардашијан кажа ДА: Еве какво изненадување и приреди дечкото

Кортни Кардашијан кажа ДА: Еве какво изненадување и приреди дечкото

реклама:Велигден со Стаф

Веста за љубовната врска на Кортни Кардашијан и рокерот Тревис Баркер се појави на почетокот на годината, кога тапанарот објави заедничка фотографија на својот профил на Инстаграм.

Судејки според објавите на извори блиски до парот, ова е една од оние љубови што ретко се случува.

Нивната љубов наскоро ќе ја крунисаат со брак, а Тревис на неверојатно романтичен начин ја запросил ријлити ѕвездата,

Се се случило на плажа во хотелот во Монтесито, Калифорнија. Со многу рози и свеќи на плажа, славниот тапанар го поставил големото прашање, а Кортни се согласила, за прв пат во својот живот.

Таа има три деца од врската со Скот Дисик, но тие никогаш не биле во брак.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------