Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Мрачното потекло на Бјанка, сопругата на Канје

Мрачното потекло на Бјанка, сопругата на Канје

реклама:G Natural

Малку се знае за минатото на сопругата на Канје – Бјанка Сенсори – но некои австралиски медиуми пренесуваат дека татко ѝ водел нелегален бизнис за коцкање и поминал неколку години во затвор, додека чичко ѝ бил озлогласен гангстер кој добил и смртна казна во 1980-тите.

Пред да ја почне врската со Канје, ретко кој имаше слушнато за Бјанка Сенсори. Сега, пак, 28-годишната архитектка е топ-тема на разговор, особено по нејзините вулгарни модни изданија во Италија.

Имајќи ја предвид нејзината популарност, од Daily Mail решиле да „продушкаат“ низ нејзиното минато, по што споделија дека Бјанка наводно потекнува од семејство гангстери.

Во јавноста малку се знае за Бјанка, освен дека потекнува од Австралија и дека е архитект.

Според медиумите, таткото на Бјанка е Елија „Лео“ Сенсори кој во 1980-тите добил затворска казна за поседување хероин.

Неговиот брат, пак, односно чичкото на Бјанка, е Ерис Сенсори – гангстер кој бил познат како „Ал Капоне од Мелбурн“.

Ерис добил и смртна казна затвор во Австралија за убиство, која подоцна била променета во доживотна.

Најстариот брат на татко ѝ – Едмодно – бил познат како „Еди Капоне“ и бил казнуван за насилство, закани, кражби и напад врз полицајци.

Таткото на Бјанка, Лео, бил апсен и за поседување оружје и муниција.

Во август годинава, Daily Mail сподели дека пробале да стапат во контакт со него и разговарале со неговата сегашна сопруга Александра, која е и мајка на Бјанка.

Но, таа одбивала да даде коментар, а не успеале да добијат изјава ни од Лео.

Сепак, медиумот пренесува дека во 1991-ва, тогашната сопруга на Лео – Фаје Гласкот – се отворила за неговите нелегални активности.

Зборувајќи за австралискиот медиум Herald Sun, Фаје изјавила дека Лео бил вклучен во картел кој имал контрола над огромна нелегална коцкарска индустрија. Ова се случувало во 1980-тите.

Таа изјавила и дека Лео го стекнал богатството преку нелегално коцкање.

Додека биле заедно, таа наоѓала и до 40.000 долари кеш низ домот, тврдејќи дека „Лео има повеќе пари од банка“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------