Home INFO Најморбидната холивудска приказна: Се сеќавате на слаткото детенце од „Терминатор“?

Најморбидната холивудска приказна: Се сеќавате на слаткото детенце од „Терминатор“?

реклама:Велигден со Стаф

Шармантното момче, кое во вториот дел од „Терминатор“ беше главниот партнер на Арнолд Шварценегер порасна во наркоман и злоставувач на жени.

Едвард Фурлонг, кој го глумеше Џон Конор, синот на Сара Конор, денеска има 43 години.

Неговиот пат од дете ѕвезда до проблематичен холивудски лик почнал уште кога имал само 15 години, на самото снимање на „Терминатор“.

Тогаш започнал љубовна врска со 29-годишната Жаклин Домак, која му била тутор на сетот и била задолжена да се грижи за него.

Затоа што се сплетка со 14 години постара жена, роднините се откажале од него, а тој почнал да се грижи за себе си веќе на 16 години.

Тие двајца почнале да живеат заедно, а Жаклин му била менаџер. Требало да се венчаат, но ја раскинале веридбата кога Едвард имал 21 година. После тоа поранешната девојка го тужеше затоа што наводно и бил должен голема сума на пари. Го пријавила и за физичко злоставување.

Во 2006 година се оженил со Рејчел Бел. Со неа има син кој денеска има 13 години. Рејчел после 3 години брак поднела барање за развод, а твдела и дека Фурлонг бил насилен. Актерот негирал. Подоцна мораше на суд поради неисплатени алиментации, но на судијата му кажал дека нема пари. Поради тоа и користење на наркотици, гледањето со синот му било ограничено.

Бил зависен од хероин и кокаин, прв пат бил уапсен пред шест години кога ја удрил сопругата. Набрзо после тоа предизвикал сообраќајна незгода, а потоа истиот месец повторно бил уапсен затоа што претепал една девојка. Трето апсење следело откако физички ја нападнал својата девојка Моника Кин. Тогаш веќе била распишана потерница од 30.000 долари за негово апсење. Поради сите овие глупости кои ги правел, тој ги губел и филмските улоги.

Избегнувал рочишта, ја прекршил забраната за приоѓање на Моника Кин и уште два пати ја нападнал, иако бил осуден на шестмесечна затворска казна. Кога конечно го однеле во затвор, неговиот адвокат рекол дека Едвард одбил да оди на рехабилитација, но после 61 ден зад решетки, се согласил да се лечи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------