Home INFO Приказната за оваа слика стана урбана легенда! Сите се плашат од “Момчето...

Приказната за оваа слика стана урбана легенда! Сите се плашат од “Момчето што плаче”

реклама:Велигден со Стаф

Во морбидната и застрашувачка приказна што ја потресе американската нација во 1985-тата година, Рон и Меј Хол го губат својот дом како последица на пожар. Она што е неверојатно е тоа што сликата „Момче што плаче“ останува неоштетена.

Повеќе од стотина луѓе имаат пријавено исто или слично искуство. Во секоја од тие ситуации, без разлика на тоа колку катастрофални биле последиците, сликата останува речиси недопрена.

„Момче што плаче“ е дело на италијанскиот сликар Бруно Амадиа, познат и како Џовани Браголин. Особено популарна била во периодот околу 1950-тата година, кога се продавала ширум светот. Постојат многу нејзини варијанти, како со момчиња, така и со девојчиња. Уште оттогаш, сликата ја следи урбаната легенда дека е неуништива.

Има и неколку чудни аргументи кои навидум одат во прилог на таквата теорија. Така на пример, на 4 септември 1985-тата, за весникот „The Sun“, еден пожарникар пријавил дека пронашол неоштетени копии од сликата, и тоа во многу од куќите во кои одел да гаси пожари.

Мистеријата доби смисла откако Стив Пант, британски писател и комичар, реши да ја истражи клетвата која ја следи „Момче што плаче“, и да ги објави резултатите во својата радио-емисија.
Комичната природа на истата не го спречи во тоа сериозно да и пристапи на темата, консултирајќи се и со научници.

Тестирањето покажало дека платното е третирано со лак кој содржи средство против пожари. Можно е да се запали, но лакот го спречува ширењето на огнот и прави да го смени правецот, или целосно да се изгасне. Погледнете и сами:

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------