Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Најтажната принцеза во болница, сликата од дечињата ги растажи сите (фото)

Најтажната принцеза во болница, сликата од дечињата ги растажи сите (фото)

реклама:

Иако по десет месеци најтажната принцеза се врати во Монако но за жал и понатаму е разделена од семејството и е на нова локација.

Принцезата Шарлин во моментов е на лекување во болница во Монако како што откри за медиумите принцот Алберт.

Исто така тој навел и дека одлуката да побара лекарска помош ја донеле неколку денови откако се вратила од Јужна Африка и тоа со помош на браќата од принцезата. Тој во интервју за „People“ објасни дека неговата сопруга, која делува слаба, признала дека ѝ е потребна помош. Не открил детали од нејзината болест, но ја отфрлил можноста дека станува збор за канцер или Ковид-19.

Исто така тој посочил и за нејзините проблеми со менталното здравје, велејќи дека била преоптоварена и не можела да се соочи со службената должност, со животот генерално, како и дека е исцрпена, како емоционално така и физички.

Принцот изјавил дека семејното собирање во Монако минатата седмица на почетокот поминало „прилично добро“ во првите неколку часа, но потоа станало очигледно дека Шарлин не е здрава.

Во меѓувреме открил дека нивните шестгодишни близнаци Габриела и Жак ја посетиле мајка им кога добиле одобрување од докторите. Тој додал дека и децата знаат дека нивната мајка е изморена.

Француските медиуми тврдат дека најтажната принцеза на светот отишла во Швајцарија каде постојат бројни специјалистички приватни медицински клиники.

Близнаците држеле транспаренти на кои пишувало:

„Мамо, ни недостасуваш“, во текот на прославата која била одржана вчера.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------