Home LIFE STYLE Здравје Најважното откритие: Конечно утврден редоследот на симптомите на коронавирусот

Најважното откритие: Конечно утврден редоследот на симптомите на коронавирусот

реклама:Велигден со Стаф

Редоследот на добивање на симптомите на коронавирусот е дефинитивно утврден, а научниците велат дека сите треба да го запомнат тоа, за да се самоизолираат навреме, или да побараат лекарска помош.

Овој редослед со кој се појавуваат симптомите на коронавирусот ќе им помогне на лекарите да можат навреме да го утврдат присуството на коронавирусот, или да ја елиминираат оваа можност заради некоја друга болест.

Конечно утврдениот редослед на појавувањето на симптомите е следниот:

Температура
Кашлица
Болка во мускулите
Гадење/мачнина
Повраќање или дијареја

– Многу е важно да се знае овој редослед во моментот кога со коронавирусот можат да се „судираат“ другите инфекции, како што е грипот. Лекарите можат да предвидат каква ќе биде состојбата на пациентот, а идентификувањето на оние кои немаат коронавирус врз основа на редоследот ќе помогне и во растоварувањето на здравствените системи – рекол авторот на студијата Питер Кан од Универзитетот во Јужна Каролина.

Кашлицата и температурата честопати се поврзани со другите респираторни инфекции, но коронавирусот се „издвојува“ според појавувањето на симптомите кои го вклучуваат гастроинтестиналниот тракт, односно системот за варење.

„Горниот дел од тој систем, покажуваат податоците, прв ќе ги почувствува последиците, поради што најпрво ќе се појават симптомите на гадење, па дури потоа дијарејата или повраќањето“, се наведува во студијата.

Истражувањето ги опфатило симптомите на повеќе од 55.000 потврдени заразени луѓе, чии податоци ги собрала Светската здравствена организација (СЗО). Тие се споредени со случаите на грип и другите болести собрани од 1994. до 1998 година.

Истражувањето е објавено во списанието „Границите на јавното здравје“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------