Home ♡ за деца На оригинален начин, со претстава со 310 деца, градинката „8 Март“ прослави...

На оригинален начин, со претстава со 310 деца, градинката „8 Март“ прослави 40 годишнина

реклама:Велигден со Стаф

Градинката „8 Март“ во Општина Кисела Вода во Скопје одбележа 40 години од своето постоење.

Јубилејот го одбележаа со приредба насловена како „Сите спомени на едно место“ каде учествуваа 310 дечиња.

Во костими, децата весело рецитираа и танцуваа на големата сцена во Националната опера и балет.

Градинката е отворена на 5 ноември 1979 година, а прв објект бил „Пржино“ со 35 вработени и 150 деца. Сега брои 7 објекти, 1.200 деца и 1.345 деца се планирани да бидат згрижени во текот на годината.

“Приредбите од ваков карактер поттикнуваат позитивни емоции кај сите нас, особено кај најмалите, кои се највозбудени, најсреќни и учествуваат со многу радост и желба. Приредбите се од особено значење во воспитно-образовниот процес. Со учество во нив кај децата се поттикнуваат самодовербата, комуникацијата, соработливоста, тимската работа. Социјалниот контакт со врсниците е од особено значење. Стануваат свесни за нивната одговорност при самиот настап и се трудат да бидат максимално исполнителни, а сето тоа го прават со многу емоции” – истакна директорката, м-р Павлинка Топузоска.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------