Home INFO Најкатастрофалните земјотреси во светот

Најкатастрофалните земјотреси во светот

SHARE

Пакистан

На 8 октомври 2005 година катастрофален земјотрес со јачина од 7.6 го погодил Кашмир, Пакистан.

Во земјотресот загинале 85.000, а повеќе од 69.000 беа повредени.

Азербеџан

Земјотрес со јачина од 6.9 го погодил Азербеџан во ноември 1997 година.

Штетата која ја направил била над 25 милиони, а со него однел и 80.000 жртви.

Иран

Силен земјотрес го погодил и Иран, во близина на радот Табиз во април 1721 година.

Земјотресот со себе однесол над 80.00 жртви и скоро цел град бил срушен.

Лисабон

Познат како „Големиот земјотрес во Лисабон“, оваа катастрофа се случила на 1 ноември 1755 година.

Јачината на земјотресот била од 8.5 до 9.0, а загинале над 100.000 луѓе.

Перу

Големиот земјотрес во Перу ги погодил областите Анкаш и Ла Либертад.

Се случил на 31 мај 1970 година и се смета за најголема катастрофа што го има погодено Перу во која настрадале над 3 милиони.

Земјотресот бил со јачина од 7.9 по Рихтерова, а 8.0 по Меркалиева скала.

Во земјотресот погинале 74.194, 25.600 биле исчезнати, 143.331 биле повредени а над еден милион останале без дом.

Италија

На 11 јануари 1693 година, земјотрес со јачина од 7.4 ја погодил Сицилија, Италија.

Ова се смета за најголем земјотрес што ја има погодено Италија, во кој биле уништени 70 градови и погинале 70.000 луѓе.

Рудбар-Иран

Оваа катастрофа се случила на 21 јуни 1990 година.

Земјотресот уништил 700 села, оставил 40.000 жртви, 60.000 повредени и над пола милион без домови.

Турција

Земјотрес со јачина од 7.9 ја погоди Турција на 17 август 1990 година, а траел само 3.7 секунди.

Уништен бил градот Измит, имало 17.000 жртви и 43.000 повредени.

Непал

Земјотрес со јачина од 8.0 го погодил и Непал на 25 април 2015 година.

Во катастрофата погинале над 5.000 луѓе.

РЕКЛАМИ:
Loading...