Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Најпознатиот порно актер обвинет за силување?!

Најпознатиот порно актер обвинет за силување?!

реклама:Велигден со Стаф

Актерот во филмовите за возрасни Рон Џереми (67) може да биде обвинет за силување на три девојки пишуваат светските медиуми.

Обвинението против актерот и режисер на порно филмови го подигна државното обвинителство во Лос Анџелес.

Како што се вели во соопштението, Џереми е обвинет за три случаи на насилно силување и присилно пенетрирање со стран предмет и за еден случај на присилен орален секс и сексуално насилство, пренесува Си-Ен-Ен.

Џереми глумеше во повеќе од 2.500 филмови за возрасни во 40-годишната кариера. Неговиот менаџер, Данте Рушиолели изјави дека Џереми нема повеќе да биде негов клиент.

Дел од западните медиумите јавуваат дека инцидентите се случиле во 2017 и 2019 година. Обвинителството вели дека тој е обвинет за два различни напади на 33-годишна и 46-годишна жена, но и за силување на 30-годишна жена во јули 2019 година. Сите инциденти се случиле во еден бар во западен Холивуд.

Ѕвездата на порно филмовите е обвинет и за силување 25-годишна девојка во куќа во 2014 година. Тој за првпат на суд се појави вчера, а имињата на жртвите сѐ уште не се објавени.

Ако биде осуден, Џереми би можел да добие казна затвор од 90 затвор.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------