Познатата пејачка се соочува со обвинение за плагијат.
Музичарот Стив Ронсен ја тужи Лејди Гага за плагијат на песната „Shallow“ и бара повеќе милионска отштета, пренесува Космополитен.
Песната за која тој тврди дека е идентична со неговата се вика „Almost“ и веќе седум години се наоѓа на неговиот SoundCloud.
Рекордно време по објава на веста во светските медиуми, песната на Ронсен од 300, доби над 400 000 прегледи на ЈуТјуб каналот.
И двајцата ангажирале професионалци кои ги анализираа песните и дојдоа до заклучок дека не станува збор за исти песни, туку за исти три ноти кои се повторуваат, што не мора да значи дека песната е украдена.
Преслушајте ги и двете песни па заклучете сами за сличноста!
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------