Home INFO Научете неколку магионичарски трикови

Научете неколку магионичарски трикови

реклама:

Ако некогаш сакате да бидете во центарот на вниманието, а притоа да приредите интересна и добра забава за вашето друштвото, па и пошироко, вешто изведениот илузионист трик никогаш нема да ве изневери.

Магијата отсекогаш била еден од начините да станете ѕвезда на вечерта, но доколку никогаш не сте имале можност да учите од најдобрите магионичари, погледнете го видеото кое ќе ве води низ светот на илузијата со вештата рака на Рахат Хосаин.

За оние кои се уште немале можност да слушнат за овој млад човек, кој стои зад каналот Magic of Rahat (Магијата на Рахат) на YouTube тој е еден најпопуларните „вирусни магионичари”, кој го следат околу 4 милиони луѓе!

Хосаин пред неколку дена откри како изведува некои од неговите трикови, па доколку и вие сакате да научите како нештата лебдат или како марамчињата се претвораат во пари, ова е вистинска можност.

Ќе видите и сами дека зад некои од магионичарските трикови се кријат толку едноставни решенија, додека за други потребно е малку да се потрудите.

Погледнете го трикот со бананата, мора да се признае дека без помош на Хосаин никогаш нема да се сетите на вакво нешто.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------