Home INFO Наутро јадете киви, еве зошто!

Наутро јадете киви, еве зошто!

реклама:

Најверојатно веќе имате слушнато за бројните лековити својства на кивито.

Еве уште факти во врска со ова супер овошје.

Кивито е богато со антиоксиданси, витамини Ц и Е, калиум, фолна киселина, полифеноли и влакна.

Кивито има моќно дејство врз нашиот систем за варење и е одличен доколку чувствувате болки во стомакот, надуеност, ако имате гасови или отежнато празнење на цревата.

Истражување спроведено пред неколку години потврди дека кивито помага во варењето на протеините, дури и оние кои тешко се варат, како што е сојниот протеин. Тоа е затоа што кивито содржи протеолитички киселини – ензим кој ги разградува протеините во аминокиселини.

На тој начин побрзо ги исфрламе токсините од организмот, се чистиме и го намалуваме ризикот од одредени видови на карцином, пред се на ракот на цревата.

Нутриционистите велат дека кивито има најефикасен лаксатив ако го јадеме наутро, на празен стомак, две парчиња секое утро.

Кивито е новооткриен извор на пробиотици. Па така, ова зелено овошје е одлично за цревната флора. Научниците открија дека кивито е подобар од познатиот пробиотик инулин во растот на важните добри бактерии “Lactobacillus rhamnosus”.

Растителните феноли во кивито се одлични за контрола на лошите бактерии, бидејќи го спречуваат нивниот претеран раст. Урамнотежувањето на цревната флора е основ за доброто здравје, а исто така и за здравото слабеење.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------