Home INFO Се сеќавате на VHS касетите? Денес вредат околу 2 илјади долари!

Се сеќавате на VHS касетите? Денес вредат околу 2 илјади долари!

реклама:

На пазарот прво се појави DVD, потоа Blu-ray, а сега тронот во целост го превзедоа телевизијата и интернетот. Најверојатно постојат милиони луѓе ширум светот кои имаат колекција на VHS касети и љубоморно ги чуваат во старите кутии на таванот.

Некои од тие VHS касети денес вредат вистинско мало богатство, а некои на пазарот можат да се купат и за 2.000 долари.

“Интересно е да се види како одредени вредности на VHS касетите пораснаа во изминатите 50 години”, изјави Вил Томас, директорот на LoveAntiques.com.

И старите VHS касети се само дел од растечкиот опсег на стари технологии кои сега се собираат како антиквитети.

“Можеби звучи чудно дека нешто како VHS вреди толку многу, но се работи за цифри од неколку илјади фунти”, додава Томас.

На пример, копиите од некои познати наслови како што се “The Evil Dead”, сега вредат околу 200 фунти.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------