Home INFO Навреди и необични петиции: Фановите разочарани од „Game of Thrones“

Навреди и необични петиции: Фановите разочарани од „Game of Thrones“

реклама:

Синоќа се емитуваше последната епизода од осмата сезона на „Game of Thrones“, но голем број фанови реагираа дека авторите „ја уништиле серијата со последната сезона“.

Има и такви кои реагираат дека ова е „најлошото финале во историјата на телевизијата“.

Токму поради ова, огромен број на фанови отворија петиција за да се пресними последната сезона на „Game of Thrones”.

„Дејвид Бениоф и Ди Би Вајс се покажаа како бедно некомпетентни, иако имаа извори на кои можеа да се потпрат (книгите). Оваа серија заслужува финална сезона што има смисла“, стои во петицијата.

„Ја уништија најдобрата ТВ-серија што некогаш се прикажувала“, „Ја гледавме серијата осум години и ова го добиваме за крај? Дали сте сериозни?“, „Не сакам овие двајца да се доближат до Star Wars“, се само дел од коментарите на незадоволните фанови, од кои последниот алудира на веста дека истите автори се ангажирани да работат на следниот филм од франшизата „Star Wars“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------