Home INFO Не е добар и не можам да предвидам што ќе се случи!...

Не е добар и не можам да предвидам што ќе се случи! Се огласи докторот на Дарко Лазиќ

фото: Инстаграм
реклама:Велигден со Стаф

По вчерашната сообраќајна несреќа во која пејачот Дарко Лазиќ е тешко повреден, се појавија вести дека неговата состојба се подобрила.

Српскиот портал еспресо.рс, по разговорот со доктор Драгош Стојановиќ, директор на болницата во Земун каде што во моментов се наоѓа Лазиќ, открива нови детали за неговата здравствена состојба.

– Тој и понатаму е во критична состојба. Има политраума и многу повреди на органите. Секоја од тие побреди е тешка и не можеме да зборуваме за стабилна состојба.

На прашањето што всушност значи политраума, докторот одговорил:

– Тој не користел безбедносен појас за време на несреќата, па цело време додека се превртувала колата неговиот организам доживувал траума. Освен ова кај него се видливи и скршеници, па очекуваме неговиот организам сега да почне да реагира на повредите.
Дарко е овде на одделот за интензивна нега, приклучен на апарати за дишење. Ја следиме неговата состојба од минута во минута па врз основа на реакцијата ќе одлучиме што понатаму. Додека не добиеме одговор од неговиот организам, не можеме да даваме никакви прогнози, ниту да планираме било каква интервенција, објаснува директорот Стојановиќ во разговор со новинар од еспресо.рс

На прашањето дали ќе се изведат операциите кои медиумите ги споменуваат? Тој додава:

– Операција на што? Ве молам не ме прашувајте нешто што не знам и што не може да се предвиди. Луѓето сешто коментираат а не се запознаени со медицинските аспекти. Не знаеме ниту ние. Се зависи од неговиот организам и од тоа дали и како ќе реагира во меѓувреме. Сега ја очекуваме реакцијата на телото на траумата и повредите со кои се здоби и дури потоа ќе знаеме како ќе постапиме. Доколку јас би можел да предвидам нешто, ќе добијам Нобелова награда, завршува Стојановиќ.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------