Home INFO Не ги фрлајте остатоците од храна! Искористете ги како квалитетно ѓубриво

Не ги фрлајте остатоците од храна! Искористете ги како квалитетно ѓубриво

реклама:G Natural

Животната средина и нејзината заштита мора да ни биде приоритет на сите.

Ова вклучува одговорно исфрлање на ѓубрето, но и негово претходно селектирање.

Еколозите препорачуваат да не се фрлаат остатоците од храна, туку се употребат за збогатување на почвата.

На тој начин ќе се намали органскиот отпад. Кога се наоѓаат во депонија, овие отпадоци се распаѓаат, но нема почва да ги впие, па затоа шират и непријатен мирис.

Постојат повеќе начини како самите да направите органско ѓубриво дома, без разлика дали имате двор или живеете во стан.

1. Во стан

Доволно е само да обезбедите почва и биохумус кој во себе има ларви и црвчиња. Измешајте ги почвата, хумусот и органскиот отпад, ставете ја саксијата настрана и почекајте неколку дена да се случи распаѓањето. Потоа, добиената смеса можете да ја користите за вашите саксиски растенија.

Постојат и минерални почви збогатени со култура од микроорганизми кои ги разложуваат хранливите материи, па доколку црвите се премногу за вас, од специјализирани продавници побарајте ваква збогатена земја и во неа додадете го органскиот отпад.

2. Во двор и/или градина

Ова уште во старт го олеснува правењето ѓубриво во домашни услови. Постојат ладно и топло производство. Првото е полесно и поедноставно. Соберете ги паднатите лисја, трева и друг органски отпад во купче, во дел што е потемен и повлажен. Оставете да стои таму најмалку шест месеци, редовно мешајќи ја смесата и додавајќи нови органски компоненти.

Ако немате толку време, обидете се со топлото производство. Ова бара еднакви количини на состојки кои се богати со јаглерод и со азот. На пример, хартијата и лисјата содржат јаглерод, а кафето, тревата и листовите од чај, како и овошјата и зеленчуците, содржат азот. Користете повеќе ѓубре со јаглерод отколку со азот. Наполнете во гајба и додадете органска материја. Микроорганизмите од ѓубривото купено од продавница веднаш ќе почнат со процесот на разложување на додатоците. По еден месец може да се користи ова ѓубриво за потхранување на почвата во вашиот двор.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“