АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

По несреќниот настан на филмски сет, каде Алек Болдвин ги откажува сите тековни проекти, со цел да се опорави од тоа што се случило.

Извор за магазинот People открил дека актерот е неутешен и хистеричен и ќе му треба време да си дојде на себе.

– Сето ова му беше страшно тешко и психички го уништи. На овој начин и во минатото решаваше големи проблеми и мора да одвои време да го преживее сето она што се случуваше последните денови. Веројатно на некое време целосно ќе се повлече од јавноста – изјавил за новинарите пријателот на Алек.

– Сите знаат дека ова беше несреќа, но целосно го уништи. Со часови по несреќата бил хистеричен и апсолутно неутешен – открил изворот.

РЕКЛАМИ: