Home INFO Не се дерете- вревата му штетела на срцето

Не се дерете- вревата му штетела на срцето

реклама:Велигден со Стаф

Функцијата на срцето може посериозно да се оштети поради поголема изложеност на секојдневната вообичаена врева, сугерираат научниците од Германија.

Научниците од „Хелмхолц Зентрум Минхен“ објавија дека и вревата како ѕвонење на телефон може краткорочно да го зголеми бројот на отчукувања на срцето кај испитаниците.

Според истражувачите, веќе и звуците потивки од 65 децибели (нормален разговор или смеење) доведуваат да се забрза пулсот. Оваа појава била уште поизразена по изложеноста на посилна врева. Исто така се покажало и дека изложеноста на посилни звуци била поврзана со намалување на варијабилноста на срцевиот ритам.

Претходни истражувања веќе го поврзаа намалувањето на варијабилноста на срцевиот ритам со зголемувањето на ризикот за срцев удар.
Бројни поранешни студии веќе укажаа на поголеми изгледи за срцев удар кај лица кои редовно биле изложени на вревата на работното место.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------