Home INFO Не возев пијан: Прво ТВ интервју на Дарко Лазиќ по несреќата!

Не возев пијан: Прво ТВ интервју на Дарко Лазиќ по несреќата!

реклама:Велигден со Стаф

По стравичната сообраќајна несреќа во Октомври, јавноста од регионот се интересираше за здравјето на фолк пејачот Дарко Лазиќ а медиумите секојдневно до најмал детал известуваа за неговата здравствена состојба.

Секојдневно се појавуваа приказни за тоа како точно се случила несреќата. Имаше и шпекулации дека пејачот за време на несреќата бил под дејство на алкохол и наркотици.

Лазиќ во моментов е на рехабилитација во бања, а првпат по несреќата проговоре пред камерата на српската ТВ Пинк.

“Генерално се чувствувам многу подобро. Ќе ми треба време за да се опоравам, но ќе застанам на нозе.Вежбите се тешки, но се трудам, знам дека морам. Имам доста посети од пријатели, роднини. Секојдневно некој доаѓа” – изјавил за Пинк Дарко.

На прашањето како се случила несреќата, Дарко одговорил:

“Не сум ги видел сликите од несреќата, не ми ги дадоа, сите избегнуваат да ми ги покажат. Јас сеуште не се сеќавам што се случи. По операцијата се сеќавам на се, но до тогаш, како излетав со автомобилот, како стигнав до болница, немам поим. Се каам поради се, што се доведов себеси до оваа состојба, но ова може да му се случи на секој, не мора да си пијан за да имаш сообраќајна несреќа. Немам казна, па кого освен себе јас загрзозив? Јас се повредив единствено себеси и никој друг. Не возев во алкохолизирана состојба, како што пишуваа медиумите. Јас заспав од умор”

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------