Home INFO Неделен хороскоп 01.02.2021 до 07.02.2021

Неделен хороскоп 01.02.2021 до 07.02.2021

реклама:G Natural

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Морате да вложите повеќе труд и напор за да започнете повторно да заработувате доволно.

ЉУБОВ: Ќе бидете одвоени од партнерот, но тој многу ќе ви недостасува. Ова ќе биде краток период.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Оваа недела ќе имате многу работа. Со добрата организација ќе успеете да завршите се.

ЉУБОВ: Обидете се да ја испочитувате желбата на партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со бубрезите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Колегите ќе се потпрат на вас бидејќи ве сметаат за вредна и организирана личност. Помогнете им без калкулирање.

ЉУБОВ: Не се обидувајте да побегнете од себе и своите чувства, така никаде нема да стигнете.

ЗДРАВЈЕ: Во вас ќе владее стравот, најдете нешто за смирување.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Ова недела ќе ги запоставите деловните обврски. Бидете внимателни никој да не го забележи тоа.

ЉУБОВ: Отворете се кон саканото лице или личноста која ви се допаѓа, премногу молчите.

ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе овошје и зеленчук.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Ќе остварите многу важен контакт со личност од странство. Искористете го тоа на вистинскиот начин.

ЉУБОВ: Иако се трудите да го потиснете она што го сакате и чувствувате, сепак тоа не ви оди од рака.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со висок притисок.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Горди сте и тврдоглави – беспотребно трошите енергија на борба со другите. Не ги сметајте колегите за ривали.

ЉУБОВ: Опседнати сте со материјални нешта, а партнерот има чувство дека го користите.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза која ќе треба веднаш да ја намалите.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Уживате во тоа да се докажувате, но внимајте ќе создадете љубомора и проблеми на работното место.

ЉУБОВ: Песимистични сте. Парнерот не знае како да ви помогне, па ќе се тргне настрана.

ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Доколку сакате да ја промените работата, размислете за нешто што има врска со комуникцииите.

ЉУБОВ: Слободните ги очекува некој интересен контакт со личност родена во знакот на Бик.

ЗДРАВЈЕ: Чувствително грло.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Вие сакате да доминирате на работното место, а тоа оваа недела ќе ви оди од рака.

ЉУБОВ: Ќе бидете склони на хистерија, а партнерот нема да може да ве истрпи, па ќе ве игнорира.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Одлична недела за напредок во работата, ќе дојдете до важни откритија кои многу ќе ви помогнат.

ЉУБОВ: Одлична недела и за љубов, ќе ви донесе романтични изненадувања и ново познанство.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стапалата.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Премногу ќе ги идеализирате колегите. Тоа ќе ви биде сериозен проблем оваа недела.

ЉУБОВ: Најлесно е да ги осудувате другите на љубовен план, но дали сте ги погледнале вашите постапки.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза и стрес.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Можен е сериозен деловен проблем. Но не грижете се, ќе ви помогне некој Рак.

ЉУБОВ: Партнерот ќе биде нервозен, обидете се да не ја влошувате неговата состојба. Слободните ги очекува нова љубов.

ЗДРАВЈЕ: Кашлица и надразнети синуси.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“