Home INFO Од позајмена облека до милиони: Животниот пат на Јелена Карлеуша

Од позајмена облека до милиони: Животниот пат на Јелена Карлеуша

реклама:Велигден со Стаф

Уште од првото појавување на музичката сцена во далечната 1995 та, Јелена Карлеуша го привлече вниманието на јавноста.

Во текот на нејзината кариера, пејачката многупати е мета на осуди и критики а нејзиниот почеток бил мошне тежок.

Она што Карлеуша го откри во една емисија, изненади многумина.

Имено таа и нејзината мајка Дивна биле во исклучително тешка финансиска состојба, па на почетокот од својата кариера таа неможела да си дозволи да ги купи ниту основните потребни работи.

За нејзиниот стил денес пишуваат и светските медиуми, но на почетокот не било така.

“Кариерата ја почнав за време на војната а она што сакав да го носам ниту имав од каде да го купам ниту пак имав со што. Многу често немав пари ниту за чорапи. Се сеќавам на моето прво телевизиско гостување на РТС, имав страшна трема. Носев фустанче сошиено од некој сребрен позајмен материјал. Имав смешна фризура и премногу шминка за 16 годишно девојче” – раскажува Јелена.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------