Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Некогаш и сега: Вака Џорџ Клуни се менуваше со годините

Некогаш и сега: Вака Џорџ Клуни се менуваше со годините

реклама:Велигден со Стаф

Еден од најголемите холивудски заводници, Џорџ Клуни, призна дека за неговиот стајлинг од неодамна е задолжена неговата сопруга Амал Аламудин.

Меѓутоа, ако се вратиме само неколку години наназад, ќе сфатиме дека Клуни одлично ја одбирал гардеробата за секоја прилика и многу пред Амал.

Пред неколку дена се појави фотографија од Клуни кога сеуште не беше познат. Разбушавен и во кожна јакна, со помалку див изглед.

Како изгледаше на почетокот на кариерата и како се менуваше со годините еден од најголемите фраери во Холивуд, погледнете во продолжение.

џорџ клуни

Голем успех доживеа со филмот „Perfect Storm“, а од тогаш жените го засакуваат него и неговиот опуштен изглед.

џорџ клуни

А, потоа на сцена стапи еден од неговите најпопуларни филмови „Ocean’s Eleven“. Жените ширум светот се поделија на оние кои го сакаат Клуни и на оние кои го сакаат Пит. Во кој табор бевте вие?

џорџ клуни

Кој вели дека Џорџ е сериозен и недуховит. Неколку пати докажа дека освен што жените го сакаат поради неговиот изглед, со него никогаш не им е досадно.

џорџ клуни

Истата екипа се собра повторно во 2004 година и го сними „Ocean’s Twelve“. Клуни како и секогаш е облечен како што треба. А, црното одлично му стои со седата коса.

џорџ клуни

И самиот вели дека обожава да плови, па не е ни чудо што е редовен гости на Филмскиот фестивал во Венеција. Затоа таму и се ожени.

џорџ клуни

Клуни во 2006 година доби Оскар за најдобар актер во споредна улога во филмот „Сиријана“. Смокинг? Одлично!

џорџ клуни

Џорџ Клуни е најпознат по вакви лежерни комбинации, сако, раскопчана кошула и воопшто не делува вулгарно.

џорџ клуни

Во периодот кога пушташе брада, разочара многу жени. Но, повеќе се разочараа кога се избричи и на црвениот тепих се појави ваков.

џорџ клуни

И да, ова е период кога на црениот тепих се појави со својата сегашна сопруга Амал Аламудин. Без оглед на тоа што ни е жал што Клуни повеќе не е сингл, мора да признаеме дека се одличен пар.

џорџ клуни

И секако, венчавката во Венеција.

џорџ клуни

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------