Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Еди Марфи е машина за деца – чека десетто дете!

Еди Марфи е машина за деца – чека десетто дете!

реклама:Велигден со Стаф

Славниот комичар и еден од најомилените актери на повеќе гернерации, 57 годишниот Еди Марфи на своите потомци „работи“ уште од 1989 година и досега има добиено девет деца со пет различни жени. Како што пишува австралискиот Дејли Мејл, Марфи го очекува 10-то дете со својата девојка, 39 годишниот модел Пејџ Бачер, а парот не сакаше да ја коментира таа вест.

Парот е заедно од 2012 година, а веќе ја имаат 2 годишната ќерка Изи Оону. Комичарот и манекенката сакаат приватност и не говорат во јавност за својата врска, а немаат ниту профили на социјалните мрежи. Еди и Пејџ се запознале уште во 2006-та година, на сетот на комедијата „Куќата на дебелата мајка 2“, но тогаш немаше никакви искри меѓу нив.

Марфи со поранешната сопруга, 50 годишниот модел Никол Мичел има ќерки, 28 годишната актерка Бриа, 18 годишната Золу Ајви, 23 годишната Шејн, 16 годишната Бела и 25 годишниот син Мајлс. Комичарот со директорката за кастинзи, Тамара Худ го има синот, 27 годишниот Кристијан, додека со Паулета МекНели го има 29 годишниот син Ерик.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------