Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Синтија Никсон ја откри неверојатната животна прикзана на нејзиниот 21-годишен син.
Синот на Синтија се родил како девојче и се викал Саманта.
Подоцна се преименувал во Самјуел Џозеф Мозес.
Синтија е голем борец против дискриминацијата на трансродните личности и е огромна поддршка за својот син.
Таа го добила Самјуел во брак со поранешниот сопруг Дени Мозес, со кого го има и 15-годишниот син Чарлс.
Тие се разведоа во 2003 година за во 2012 Синтија да се венча со активистката Кристина Марињони.
Со Кристина, Синтија го доби синот Макс, кој е зачнат од донатор на сперма.