Home INFO „Некој ми подметнал“- Уапсен Дј Моралес

„Некој ми подметнал“- Уапсен Дј Моралес

реклама:Велигден со Стаф

На аеродромот во Фукуока на југот на Јапонија поради кршење на законот за контрола на наркотици бил уапсен Дејвид Моралес, соопшти полицијата.

Според јапонските медиуми , во неговиот рачен багаж биле најдени таблети од 0,3 грама екстази. 56- годишниот диџеј ги отфрлил обвиненијата за криумчарење дрога.

„Тоа не е мое , некој ми подметнал”, рекол Моралес.

Тој требало во саботата да настапи во Фукуока , а во недела во Токио. Според законот со кој се соочува Моралес , кој владееше со сцената во Њујорк во 80 – тите и 90 тите и има освоено Греми награда за ремикс на годината , може да добие седум години затвор и парична казна од 22 800 евра , без оглед на малото количество.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------