Home INFO Неверојатно: Taјниот агент Џејмс Бонд е импотентен алкохоличар!?

Неверојатно: Taјниот агент Џејмс Бонд е импотентен алкохоличар!?

реклама:Велигден со Стаф

Група лекари од Дерби и Нотингам во Велика Британија, спровеле истражување , според кое тајниот агент 007 поради прекумерното пиење на „работното место“ е „импотентен алкохоличар“.

Во лекарската анализа на сите 14 романи за агентот Бонд, на писателот Ијан Флеминг, се заклучува дека овој британски таен агент пие по 1,5 шише вино секој ден, како и барем по пет од неговите омилени коктели вотка-мартини и вкупно по 92 алкохолни единици секој месец.

Со таква зависност од алкохолот и од секојденвното пиење Бонд има оштетен црн дроб, има сериозни проблеми со потенцијата и е предодреден за рана смрт, забележуваат истражувачите.

Ваквата необична анализа лекарите ја направиле откако ги прочитале внимателно книгите на Флеминг и ги бележели сите видови пијалоци и количествата што тајниот агент ги „пие“ опишани во романите.

Во извештајот лекарите велат дека иако имаат разбирање за потребата Бонд да пие, додека се бори со меѓународните терористи и да се коцка со чашка алкохол покрај себе, му препорачуваат на овој таен агент да го преиспита натамошното конзумирање алкохол.

Според лекарскиот тим од истражувачи, тој е гламурозен човек и подготвен да ја освои секоја девојка што ќе ја сретне, но сепак од тоа не е останато ништо, поради прекумерното пиење.

На крајот од својата анализа лекарите забележуваат дека секоја година во светот умираат по 2,5 милиони луѓе од пиење и алкохолизам.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------