Home INFO Светот во неверување: Се самоуби најпозитивниот ДиЏеј и водител

Светот во неверување: Се самоуби најпозитивниот ДиЏеј и водител

реклама:Велигден со Стаф

Aмериканските медиуми објавија дека 40 годишниот диџеј, танчер и водител Стивен Твич Бос извршил самоубиство.

Според TMZ, уметникот бил пронајден мртов во тоалетот во мотелска соба во Лос Анџелес, а полицијата не дозволува пристап во собата во која престојувал за да ги истражат причините за смртта.

Сопругата пријавила дека нејзиниот сопруг ја напуштил куќата без својот автомобил, што ја вознемирило во вторникот вечерта и не се вратил.

Полициската станица во Лос Анџелес вчера околу 11:15 часот добила повик од болничарите за пронајдено тело во хотел, тоа бил диџејот Стивен Твич Бос кој се самоубил со истрел од пиштол во главата.

На местото на настанот е констатирана смрт.

TMZ пренесува дека во разговор со полицијата, вработените во хотелот и луѓето кои непосредно пред смртта комуницирале со Твич, не воочиле никаква промена во неговото однесување ниту пак знаци на возмениреност.

Твич се прослави како учесник во шоуто „So You Think Can Dance“. Имаше неколку филмски улоги и беше дел од тимот на Елен од 2014 година, па до финалната сезона.

Само ден пред да го напушти домот и да отседне во хотелот каде наводно извршил самоубиство, Твич на својот инстаграм профил сподели видеа на кои доминира весела семејна атмосфера во неговитот дом.

Неговата сопруга ја потврди веста за неговата смрт, и замоли за приватност во овие тешки моменти за неа и трите заеднички деца.

На социјалните мрежи познатите се простуваат од диџејот кој во јавност секогаш ширеше позитива.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------