Home INFO Никој не ги сфати сериозно: Ким и Кендал го имаа говорот на...

Никој не ги сфати сериозно: Ким и Кендал го имаа говорот на деценијата (ВИДЕО)

реклама:G Natural

Семејството Кардашијан секогаш е во центарот на вниманието.

Понекогаш со скандали, понекогаш со беспрекорниот изглед на сите членови… Едноставно јавноста е навикната да и бидат на “видик”.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на наградите Еми, а улогата за презентерки на наградата за најдобро реално шоу им припадна на сестрите Ким Кардашијан и Кендал Џенер.

Сестрите се појавија на бината за да ја доделат наградата во категоријата Најдобра реалити серија, која практично и не постоеше додека не беше прикажана првата епизода од нивното шоу „Во чекор со Кардашијанс“.

Пред да ја врачат наградата, Ким и Кендал одржале говор, поради кој публиката ги исмеала.

„Нашето семејство од прва рака знае дека вистинската телевизија доаѓа од вистински луѓе кои пред камерите се однесуваат како и зад нив“, рекла Ким, а Кендал се надоврзала.

„Раскажувајќи ги своите приказни без никакви филтри и сценарија“, рекла таа.

Ова предизвикало ерупција кај публиката и смеа во целата сала, иако никој всушност не ни помислил дека двете дами се шегувале.

Причина за смеењето е контрадикторноста на нивната изјава, бидејќи јавна тајна е дека учесниците во реалното шоу „Во чекор со Кардашијанови“ буквално се снимаат врз основа на сценарио.

Судејќи според изразите на лицата, Ким и Кендал не биле среќни поради реакцијата на публиката.

Погледнете како изгледаше сето тоа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------