Home INFO Никогаш не ги држете овие диети – лоши се и опасни

Никогаш не ги држете овие диети – лоши се и опасни

реклама:Велигден со Стаф

Сите секогаш бараат брз и едноставен начин на слабеење. Брзите диети лесно не заведуваат со ветувања за брзо губење на вишок килограми, но строгите диети не се разумни ниту пак здрави. Ова се петте диети кои се рангирани од можни до екстремни.

1. Диета со цитрони

Потекнува од 1930 година и се уште е популарна. Правилото е едноставно: ако изедете цитрон пред секој оброк, пиете многу вода, ги исфрлите јаглехидратите и јадете лесни белковини, ќе трошите повеќе масти.

Љубителите на оваа диета тврдат дека ако издржите 10 дена може да ослабете до пет килограми. А тоа може да е точно, тврди др. Ерин Палински-Вејд и додава: Оваа диета може да успее поради диуретското делување на цитронот. Исто така, ова овошје е совршена опција ако сакате нешто да ве засити, а со малку калории.

2. Диета со паразити

Диетата е само за најхрабрите и е популарна од почетокот на 20 век. Храбрите пијат таблети со цисти на паразити кои потоа растат внатре во цревата и ја конзумираат храната се додека лицето не ја постигне саканата тежина. Потоа лицето мора да ги уништи паразитите земајќи таблети против нив. – Се работи за многу опасна диета која може да биде и смртоносна. Таа предизвикува недостиг на хранливи материи, а може да дојде и до доживотни компликации: А лицето назад ги враќа сите килограми по уништувањето на паразитите од организмот – потенцира др. Палински-Вејд.

3. Големо чистење, т.е. диета со лимонада

Големо чистење предизвикува диетата на Стенли Бурогс, а на неа се подвргнале познати лица кои се колнат во нејзината ефективност, бидејќи е едноставна и брза. Бидејќи овој еликсир се состои само од вода, сок од лимон, црвен пипер и јавовор сируп, ќе изгубите неколку килограми во облик на наталожена течност, но не за долго, тврди нутриционистот Алис Левин и објаснува: – Веројатно ќе ја вратите цела тежина кога ќе продолжите да јадете цврста храна. Исто така во иднина може потешко ќе слабеење, бидејќи овие никсокалорични диети можат да предизвикаат губење на мускулната маса и да го забават метаболизмот.

4. Диета со храна за бебиња

Идејата на оваа диета е да го замените појадокот и ручекот со мали порции на кашеста храна, а потоа да вечерате нискокалоричен оброк. Ако одберете да не јадете ништо друго освен мали количини на кашеста храна, веројатно ќе ослабете исто како да сте јаделе мали порции од која било храна.

Тоа значи дека фактот дека храната е во кашеста форма не држи никаква вода, туку само се откажувате од уживањето во нормално подготвена храна и долгорочно нема да ја постигнете саканата цел. Поедноставно би било да јадете повеќе овошје и зеленчук, за да го намалите внесувањето на натриумот во организмот.

5. Диета на заспаната убавица

Откако била објавена во позната книга во 1960 година Долината на куклите, а наводно ја сакал и Елвис Присли, оваа диета прераснала во фама која нема врска со паметот. Имено се што треба да направите е толку да се дрогирате со лекови и да преспиете неколку дена и да се разбудите послаби.

Тоа едноставно е прегладнување со нус појава во облик на атрофија на мускулите, тврди Палински-Вејд. – Не само што нејадењето и непиењето со денови ќе го забави вашиот метаболизам и ќе предизвика дехридрираност, туку и штетата која ќе ја нанесете на сите свои органи со земање на толку лекови, може да биде фатална!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------